Рекреација

Главна атракција на Хотел Силекс е базенот на отворено, каде гостите имаат можност да уживаат во најразлични анимативни содржини во текот на денот и вечерните часови: игри во вода, концерти на музички ансамбли и театарски групи, избор на летни убавици, и сето тоа збогатено со послужување на храна и пијалоци на највисоко ниво.

Во текот на денот гостите а особено најмладите се придружувани од тим за анимација-професионални аниматори, се со цел гостите да се одмaраат на активен начин.

Хотелот расолага и со прекрасна песочна плажа распослана долг брегот на Охридското езеро а лоцирана директно пред хотел Силекс.

За врвна релаксација Ви нудиме различни видови на професионални масажи, и тоа во удобноста и приватноста на Вашата соба или во хотелскиот салон за масажа.

На различните спортски терени за кошарка, тенис, фудбал можете да се рекреирате и да уживате во Вашиот престој. - Секторот за анимации Ви стои на располагање да го збогати Вашиот престој преку организирање на излети и екскурзии низ Охрид и околината.